Навивачите на Барса тешко простуваат вакви работи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Барселона не сакаат кога ќе ги видат своите легенди со дресот на Реал Мадрид…

Ривалитетот е секогаш голем меѓу двата шпански гиганти, па така навивачите на Барса не се среќни што Патрик Клајверс позираше со дрес на Реал.

Сепак, легендарниот Холанѓанец има алиби, бидејќи како спортски директор на ПСЖ после натпреварот со реал Мадрид во САД мораше да го помине протоколот и да размени дарови со претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез.

Флорентино на Клајверс му даде дрес на Реал со потпис од сите играчи, додека Клајверт му додели на претседателот на Реал една плакета.