Навивачите на Бреша расистички го навредуваа Пјаниќ, судијата се правеше дека не слуша!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ беше еден од протагонистите кој беше заслужен за победата на Јувентус над Бреска. Босанскиот репрезентативец постигна погодок за победа од резултат од 1:2.

Бјанконерите до триумф стигнаа после пресврт на резултатот и запишаа нови три бодови на стартот на сезоната, а Пјаниќ одигра сосема солиден натпревар како и целиот тим на Јувентус.

Одличниот везен синоќа на Ригамонти стана рекордер во Серија А за оваа сезона по бројот на успешни додавања(108), но доживеа непријатно искуство.

Како што наведува Тутоспорт домашните навивачи расистички го навредувале Пјаниќ.

„Цигане“, навреда која доаѓаше од трибините кон 29-годишниот фудбалер.
Интересно е тоа што, судијата Паско како и присутните федерални инспектори се правеа дека не слушаат и дека не го забележале овој инцидент. Па така натпреварот не беше прекинат.

Во Италија расизмот е се поизразен, а Пјаниќ е нова жртва во низата. Ромелу Лукаку против Каљари го дочекаа жестоки навреди, а изминатиот викенд за малку ќе беше прекинат натпреварот на Аталанта со Фиорентина поради паролите кои биле упатени кон Далберт Енрике.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино веќе ги предупреди Италијанците дека мораат да престанат со овие лоши навики за да не се навраќаат во средниот век.