Навивачите на Галата до крајот на летото очекуваат две големи имиња


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот гигант Галатасарај може до крајот на овој преоден рок во своите редови да доведе две големи звезди  на европскиот фудбал.

Од оваа екипа се навикнавме во минатите години да прават многу добри трансфери, а со таа политика можат да продолжат и во ова лето.

Имено, како што пренесуваат турските медиуми управата на овој клуб е во преговори со фудбалери на Манчестер Јунајтед и Челси, Фелаини и Оби Микел и можат двајцата да ги ангажира до крајот до крајот на август.

Двата фудбалери немаат светла иднина во своите тимови и се е извесно дека ќе ја променат средината, но дали  токму Галата ќе им биде наредно одредиште, останува да видиме.