Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди повеќе од месец дена не тренираше со својот тим поради расправата со раководството на клубот, но конечно се врати во тимот.
Тренерот Спалети одлучи да го врати Икарди во тимот и тој се најде во првата постава на мечот против Женова.
Меѓутоа, оваа вест без одобрување ја дочекаа навивачите на Интер кои од клубот бараат Икарди да не стапне на теренот до крајот на сезоната. Тие се разочарани од Аргентинецот бидејќи го посрамотил клубот и сметаат дека за него во клубот веќе нема место.
„После состанокот CURVA NORD одлучи дека однесувањето на напаѓачот со број девет е срамно и дека не смее да биде толерирано. Икарди не покажа карактер каков што треба да има капитен на еден клуб. Го повикуваме раководството на Интер што побрзо да го отстранат од тимот, бидејќи тој и самиот не сака да биде дел од него. Исто така, тој не треба да игра до крајот на сезоната бидејќи е срамота за сите нас кои го сакаме овој клуб. Тоа е нашиот став и од сега така ќе се однесуваме!“, порачаа навивачите на италијанскиот клуб.
Icardi segna, i capi della Curva fanno segno agli ultras di non esultare pic.twitter.com/0UDD7ahjnU
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) April 3, 2019