Навивачите на Јувентус покажаа што мислат за Лукаку (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку нема да се врати во Интер, откако му заврши позајмицата и беа прекинати преговорите меѓу двете страни затоа што тој имал состанок со Јувентус.

Јувентус е заинтересиран за Лукаку, но мора најпрво да го продаде Душан Влаховиќ пред да испрати понуда за Белгиецот.

Лукаку во минатото кажа дека никогаш нема да го носи дресот на Јувентус, но очигледно го заборавил тоа, иако фановите не забораваат и му порачаа дека не е добредојден во клубот.