Навивачите на Ливерпул бараат од клубот да потпише договор со Џерард

Ливерпул се наоѓа на одличен пат конечно по 30 години да стане шампион на Англија. Навивачите дури три децении чекаа за такво нешто, а во моментов „црвените“ имаат 22 бодови повеќе од Манчестер сити и таа разлика изгледа недостижна.

Еуфоријата на „Енфилд“ е огромна затоа што навивачите долго време го чекаа трофејот, па поради тоа дел од фановите добија интересна идеја.

На социјалните мрежи се појави петиција меѓу навивачите за да се потпишат и потоа Ливерпул да го ангажира Стивен Џерард на пет меча, за да може да го крене трофејот во Премиерлигата.

Џерард е легенда на Ливерпул, но никогаш во својата кариера не успеа да го освои трофејот во Англија со клубот.