Навивачите на Манчестер Јунајтед и понатаму чекаат големо засилување, Солскер посакува тројца играчи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ги почнаа припремите за новата сезона, а првиот дел ќе го одработат во далечната Австралија.

Тие таму ќе одиграат неколку пријателски натпревари. Јасно е дека пред Солскер е многу работа, а навивачите сеуште чекаат на некое звучно засилување.

Играчкиот кадар не доби некои големи промени, а многумина чекаат заминување на играчите како Алексис Санчез, Фред или Ромелу Лукаку. Но, главното прашање е дали Јунајтед ќе успее да доведе некое звучно заслување.

Во досегашниот дел од преодниот рок овој клуб ги доведе Арон Ван-Бисак од Кристал Палас и Даниел Џејмс кој стигна од Свонси.

Но, англиските медиуми пренесуваат дека Солскер порачал дека му требаат уште најмалку три засилувања. Сака да ја засили дефанзицата, везниот ред и нападот, бидејќи Лукаку веројатно ќе го напушти Театарот на соништата.

Што се однесува до одбраната, прва желба на Јунајтед е Хари Мегвајер од Лестер и за него преговорите веќе се во тек. На мета е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој Солскер го гледа како големо засилување во везниот ред.

За нападот постои дилема околу напаѓачите на Франција, односно Лион и Лил.

Јунајтед сака да го доведе Муса Дембеле од Лион, но доколку не успеат тогаш ќе пробаат да го доведат Николас Пепе од Лил.