Навивачите на Партизан вечерва ќе се збогуваат со убиените деца во Белград


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дел од навивачите на Партизан апелираат вечерва да не се навива против Реал Мадрид од 20.30 часот поради масакрот кој се случи во Белград.

Навивачите сакаат да се збогуваат со убиените деца во Белград, па поради тоа нема да се навива во првото полувреме.

Вечерашниот меч ќе се одигра под посебни услови, без музика и забавни точки, откако беа прогласени денови на жалост во Србија.

Партизан води со 2-1 против Реал Мадрид и се наоѓа на праг да избори пласман на Ф4-турнирот во Евролигата.