Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конечно на фудбалските терени ни се враќа елитната Лига на шампиони (ЛШ) по двомесечна пауза, а на програмата вечерва се играат два меча од осминафиналето, при што најмногу внимание ќе привлече средбата помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“.
Францускиот гигант е еден од тимовите кои се главни фаворити за освојување на титулата, но од 21 часот ги чека вистински пекол затоа што треба да се соочат против лидерот од шпанската Ла Лига.
Навивачите на ПСЖ до последен момент беа загрижени за тоа дали Бразилецот Нејмар ќе настапи на вечерашниот меч, откако беше надвор од терените поради повреда, но очигледно повеќе нема потреба да се грижат.
Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино утрово го објави списокот со фудбалери, кои ќе конкурираат за вечерашната средба, а навивачите се воодушевени што на списокот се најде и бразилскиот репрезентативец, но сепак на него го нема дефанзивецот Серхио Рамос, кој е повреден.