Навивачите на Реал Мадрид го нападнаа Бејл! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, но ситуацијата драстично се промени во претходните години и сите го очекуваат неговото заминување од шпанскиот гигант.

Бејл минатата сезона беше на Тотенхем, а оваа се врати во Реал Мадрид каде што повеќе одмара отколку што игра на фудбалските терени.

Дополнителна нервоза им создаде со тоа што Бејл настапи за неговата татковина, а потоа се врати во Мадрид и пријави дека е повреден.

Навивачите се револтирани поради односот на Бејл кон екипата со која има договор до крајот на сезоната, а очигледно репрезентативецот на Велс не мисли да замине порано.

Поради тоа навивачите го нападнаа неговиот автомобил пред тренинг-кампот на „кралскиот клуб“.