Навивачите на Реал Мадрид останаа збунети кога забележаа кој е во ВИП-ложата 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа триумфираа на домашен терен со 5-2 против Селта виго во мечот од четвртото коло во Ла Лига.

Селта играше одлично во првото полувреме и имаше предност од 2-1, но во вторите 45 минути Реал направи целосен пресврт.

Интересно е тоа што ова беше прв меч на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ уште од март минатата година, а „кралевите“ на одличен начин се претставија пред навивачите.

Шпанските медиуми успеаа дури и да го снимат Зинедин Зидан, кој беше во ВИП-ложата и го гледаше неговиот поранешен клуб, кој одигра солиден натпревар.