До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По испаѓањето од Лигата на шампионите, навивачите на Реал Мадрид ги дочекаа фудбалерите со свирежи. Особено беа на удар Килиан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Сепак, токму овие двајца фудбалери ја донесоа победата на Кралевите во овој натпревар. Постигнаа по еден гол.
Реал започна офанзивно од првата минута, а во 30-та минута стигна до предност. Килиан Мбапе со помош на играч од Алавес постигнува за 1:0.
На пауза се оди со минимално водство на Реал од 1:0, а по само пет минути игра во второто полувреме, Реал стигнува до вториот гол. Одличен гол постигнува Винисиус Жуниор за 2:0.
А потоа во завршницата на натпреварот започнува офанзивата на Алавес. Гостите ги стегнаа Кралевите и промашија неколку навистина неверојатни шанси.
Уште еднаш ја погодија рамката на голот, Лунен неколку пати спасуваше, се до 93-та минута кога Мартинез постигнува за конечни 2:1.
Алавес ги надмина Кралевите потполно во последните 15-тина минути. Не е никакво чудо што навивачите на Реал ги испратија своите миленици со огромни свирежи. Големо е незадоволството во Мадрид.
















