Навивачите згрозени: Роналдо извади нешто од шорцевите и стави во уста (Видео)


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Кристијано Роналдо вчера испиша историја во дресот на Португалија, откако постигна еден од головите за победа против Гана (3-2) во првото коло од Мундијалот.

Роналдо е главна тема деновиве во медиумите, прво поради тоа што го раскина договорот со Манчестер јунајтед, а потоа и поради голот со кој стана единствен играч кој постигнал погодок на пет Мундијали.

Сепак, Роналдо во еден момент ги згрози фановите откако нешто извади од неговите шорцеви и потоа го стави во уста. Според дел од медиумите, тоа биле енергетски таблети кои му помагаат да го издржи притисокот на натпреварите.