Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона синоќа го декласираше Ливерпул со 3:0 и направија значителен чекор кон финалето во Лигата на шампионите.
Каталонците навистина беа подобри, но Ливерпул според многумина не заслужи вака тежок пораз.
Мечот на преполниот „Камп Ноу“ беше прекинат накратко на средината на првото полувреме кога на теренот истрча еден од домашните навивачи.
Камерите секако го игнорираа влегувањето, но навивачот влезе со јасна порака на маицата.
„Слобода за политичките затвореници“, пишуваше на маицата на навивачот, што го забележаа и бројни фоторепортери.
Пораката за поддршка, непознатиот навивач ја испрати на организаторите на референдумите за независност на Каталонија против кои шпанските власти водат постапка.