НБА го суспендираше Јокиќ, а му прогледа „низ прсти“ на Морис!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сагата околу тепачката на Никола Јокиќ и Маркиф Морис конечно доби епилог, а НБА-лигата реши да ги додели казните за кошаркарите.

Најлошо мина српскиот центар кој нема да игра на следниот натпревар со Индијана, зашто е суспендиран, а од друга страна Морис и Џими Батлер се извлекоа со парични казни.

„Центарот на Денвер, Никола Јокиќ е суспендиран на еден меч поради намерно туркање од зад грб на крилото на Мајами, Морис, кој потоа падна на паркетот“, соопштија од НБА.

Морис ќе мора да плати казна од 50.000 долари, додека неговиот соиграч Батлер, кој го предизвикуваше Јокиќ на тепачка ќе добие казнет со 30.000 долари.