НБА-скандал: Моравме да оставиме да го постигне 71 поен! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Малкумина кошаркари успеаа на еден НБА-натпревар да постигнат повеќе од 70 поени, а меѓу нив е и поранешниот центар на Сан Антонио спарс, Дејвид Робинсон, кој постигна 71 поен на дуел во сезоната 1993/94.

Меѓутоа, речиси 20 години подоцна дознавме дека нема ништо неверојатно во овој негов познат натпревар. Робинсон се бореше со младиот Шекил О’Нил за титулата најдобар стрелец во лигата, па му беше потребно да постигне барем пет поени повеќе од ривалот, а Шек постигна 32 таа вечер.

Робинсон погоди 26 од 41 шут од игра и го заврши натпреварот со 71 поен, меѓутоа Доминик Вилкинс открива скандалозна позадина зад тоа.

„Тренерот Боб Вајс ни кажа дека му е наредено да ги тргне сите пет стартери од теренот по неколку минути на мечот. Го прашавме зошто, а тој ни кажа дека сопственикот на Лос Анџелес Клиперс сака титулата за стрелец да остане на Западот“, кажа Вилкинс.