Не бил Робертсон: Откриено кој предизвика инцидент на „Енфилд“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул стигна до осмата победа сезонава во Премиерлигата, откако го совлада Лестер сити на „Енфилд“ со 2-1.

„Црвените“ со погодокот на Џејмс Милнер од пенал во 95. минута ја запишаа осмата победа во осмото коло и сега имаат максимален ефект и 24 освоени бодови.

Сепак, по завршувањето на мечот имаше проблеми на теренот во кои учествуваа фудаблерите на двата тима, а имаше и турканици меѓу некои фудбалери.

По мечот Брендан Роџерс кажа дека Енди Робертсон ги провоцирал неговите фудбалери, меѓутоа снимката од трибините покажува поинаку.

Проблемот го направил Адам Лалана, кој се обидел да ја земе топката, а потоа го турнал Каспер Шмајхел и уште неколку фудбалери на „лисиците“.