Не било за пари: Познато како шеикот Јасим го навредил семејството Глејзер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американското семејство Глејзер предизвика големо незадоволство кај навивачите на Манчестер јунајтед, откако одби да го продаде клубот на шеикот Јасим кој беше подготвен да инвестира вкупно 10 милијарди фунти.

Семејството Глејзер ја одби последната понуда од Катар, а медиумите пишуваат дека тоа не го направиле поради пари, туку поради чувство дека шеикот Јасим ја критикувал нивната долгогодишна работа и така ги навредил.

Американците сметале дека шеикот Јасим сакал од корен да го промени целиот концепт кај „црвените ѓаволи“ и тоа не им се допаднало.

Управата на клубот наскоро треба да изгласа дали се согласува да бидат продадени 25 отсто од акциите на британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф.