Нè чека рекордна сезона во Мото ГП, но без омилената патека на Маркез!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џек Милер го воодушеви светот минатиот викенд во Јапонија, откако стигна до победа пред Биндер, Мартин и Маркез.

Од следната недела нè очекуваат возбудувања во Тајланд, а денеска беше објавен и неофицијалниот распоред за следната сезона.

Ќе имаме 21 трка, Индијан и Казахстан ќе бидат на распоредот, додека Шпанците и Маркез може да жалат затоа што од планот испадна Арагон.

Трки ќе се возат во Португалија, Аргентина, Америка, Шпанија (Херез), Франција, Италија, Германија, Холандија, Казахстан, Велика Британија, Австрија, Каталонија, Сан Марино, Индија, Јапонија, Индонезија, Австралија, Тајланд, Малезија, Катар и Валенсија.