Не е сѐ црно во Ливерпул: Клоп конечно доби добра вест!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул се наоѓа во големи проблеми со повредени фудбалери и тие се ослабени за натпреварот против Арсенал, кој се игра во претстојниот викенд, односно в сабота од 18.30 часот.

Репрезентативната пауза  му направи проблеми на Јирген Клоп затоа што се повредија Садио Мане, Џордан Хендерсон и Енди Робертсон, додека уште пет играчи се повредени од претходно.

Добра вест е тоа што Мане денеска тренираше со екипата и подготвен е да заигра против Арсенал, додека Хендерсон и Робертсон тренираат посебно од тимот.

Од претходно се повредени Гомез, Џонс, Елиот, Фирмино и Кеита, а тоа е голем проблем за еден од кандидатите за титулата во Премиерлигата.