Не е тројка, ама е – магија: Неверојатен кош на Стеф Кари! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако минатата сезона одигра само пет меча поради повреда, Стеф Кари се врати годинава на свое ниво и игра одлично.

Најдобриот шутер во просек постигнува по 29,6 поени, а тоа е негов најдобар просек уште од сезоната 2015/16, кога вторпат ја освои наградата за МВП.

Иако неговиот Голден Стејт не е моќен како во минатото, Кари ужива на теренот и ги воодушевува љубителите на кошарката.

Минатата ноќ Кари постигна еден кош за паметење, иако не станува збор за тројка, која е негов заштитен знак.