Не играше шест месеци, а потоа се врати и покажа зошто е еден од најдобрите во свет 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос конечно дебитираше во дресот на ПСЖ, каде што стигна пред почетокот на сезоната како слободен играч од Реал Мадрид и потпиша двегодишен договор.

Рамос имаше големи со повреди и физичката подготвеност по доаѓањето во Париз поради што мораше да паузира околу шест месеци вкупно за да заигра во дресот на новиот тим.

Шпанецот вчера го одигра цел меч против Сент Етјен, а ПСЖ на крајот славеше на гостински терен со 3-1.

Иако навивачите на ПСЖ беа скептични за Рамос, сепак тој ја покажа својата класа и одигра фантастичен натпревар.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од неговите најдобри потези од мечот, а многумина тврдат дека Рамос е еден од најдобрите во свет.