Не можат да се договорат, Јоветиќ останува?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Изгледа дека целата приказна околу трансферот на Стеван Јоветиќ падна во вода…

Се споменуваше дека Стеван Јоветиќ во оваа сезона ќе премине во Фиорентина на позајмица, но тоа најверојатно нема да се случи бидејќи преговорите пропаднаа, судејќи по пишувањата на италијанските медиуми.

За Јоветиќ нема место во стартниот состав на Интер, планот беше да се испрати на позајмица, но Фиорентина не сакаше да му плаќа целата плата, веќе еден дел сакаше да го препушти на Интер.

На крајот не се договорија, но сеуште не е готово, можно е некој да попушти до среда вечер.

Го чекаме крајот на денешниот ден и поради Стеван, ќе видиме дали ќе биде осуден на клупата на Интер во оваа сезона или повторно ќе биде љубимец на навивачите на Виолетовите.