Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Неверојатна фудбалска приказна ни доаѓа оваа година од Европа, поточно од Португалија каде што тимот на Торенсе го освои Клупскиот Куп на Португалија.
Торенсе во финалето по продолжението го совлада големиот Спортинг со резултат 2:1 и го испиша клупската историја.
Ова значи дека Торенсе како освојувач на португалскиот Куп од следната сезона ќе игра во групната фаза на Лига Европа.
Значи, овој мал клуб од Португалија ќе има најмалку осум европски натпревари, нешто што навивачите не сонуваа ни во најлудите соништа.
Имено, станаа првиот второлигаш кој ќе игра во групната фаза на Лига Европа и тоа официјално.
Торенсе во баражот за влез во првата лига беше поразен од Каса Пиа во двомеч со вкупен резултат 2:0.
















