Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Кевин Гамеиро тврди дека не ни размислувал за евентуален потпис за Барселона.
Одличниот напаѓач во ова лето потпиша за Атлетико Мадрид, кој за неговите услуги на Севиља исплати 32 милиони евра.
Во разговор за Л`Екип истакна дека не ни помислил да потпиша за Барселона, бидејќи се знаеше дека таму нема да биде прв напаѓач, но и дека пристапот на тренерот на Јорганџиите Диего Симеоне одлучи се.
„Симеоне ми рече дека бара напаѓач како мене, кој може добро да одигра и назад, но и да погодува константно. Знаев дека нема да можам да играм ако одам во Барселона. Таму малку ќе играв и не помислив да потпишам за нив“, истакна Гамеиро.
На крајот заврши во Атлетико, каде што ќе биде ударна игра на тимот.