Не размислуваме за Роналдо, тој нека размислува за нас


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во интервју за медиумите Иван Ракитиќ зборуваше за нивниот следен противник и истакна дека Португалија не е само Кристијано Роналдо.

“Заслуживме да бидеме тука. Но да бидеме искрени, сеуште ништо не сме направиле. Горди сме бидејќи европскиот шампион не се победува секој ден”.

“Португалија не е само Роналдо, се работи за квалитетна репрезентација со играчи кои играат во најдобрите клубови. Не сакаме да размислуваме за Роналдо, тој нека размислува за нас. Сигурно нема мирно да спие”.

“Се е можно во осминафиналето, тоа е само еден натпревар. Секој може да победи секого. Ќе се бориме за себе да бидеме први”– изјави Ракитиќ.

Иначе, во Ленс се очекува на трибините да бидат околу 10.000 хрватски навивачи.