Не само Максимовиќ, во Наполи стигнува и одличен Бразилец!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Никола Максимовиќ веќе утре ќе потпише договор со Наполи, а истото ќе го направи уште еден стопер.

Родриго Кајо е ново засилување на Наполи.

Во само еден ден Наполи доведе два стопери со голем квалитет, Никола Максимовиќ и споменатиот Бразилец кој стигнува од Сао Паоло.

Неговата цена е околу 10 милиони евра, што потврди Сао Паоло во претходните денови.

Севиља и Милан беа заинтересирани за 23-годишниот стопер кој може да игра и на средината на теренот, но очигледно дека Наполи беше далеку поупорен од нив.

Родриго Кајо целата кариера ја помина во Сао Паоло, а во оваа година дебитираше и за репрезентацијатана Бразил.

https://www.youtube.com/watch?v=812mv_GNDHo