„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за нашиот тренер – Михајловиќ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Болоња се подготвени повторно да се борат за Синиша Михајловиќ. Болоња повторно игра добро, а посебно е мотивирана поради болниот тренер.

Денес им следува меч со Рома и нова шанса да го покажат вистинското лице и да го направат Михајловиќ среќен и горд.

„Неговата болест ни дава мотивација, зашто врската меѓу нас и тренерот е многу силна. Ние сакаме да му направиме изненадување на патот од дома до мечот и да го посетиме“, велат од Болоња.

Михајловиќ боледува од леукемија, која му беше откриена во јули и веќе помина еден циклус на хемотерапија.

„Го сакаме тренерот, зашто е искрен, јасен и ни се допаѓа тоа. Не се бориме за опстанок или Европа, туку за нашиот тренер Михајловиќ“, кажаа фудбалерите.