Не се откажуваат: Барселона ги повика Де Лигт и Раиола на состанок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матијс де Лигт оваа недела конечно треба да се реши околу продолжувањето на кариерата.

Претходните денови постојано се пишуваше дека тој ќе ја продолжи кариерата во Јувентус.

La Gazzetta dello Sport објави дека младиот Холанѓанец денес допатувал во Торино на лекарски прегледи, па потоа се очекува и официјална потврда.

Меѓутоа, додатно ја искомплицира работата Барселона која сеуште не се откажува од дефанзивецот на Ајакс. Како што пишува Мундо Депортиво каталонскиот клуб денес пратил нова понуда за Де Лигт.

Наводно, претседателот на Барселона го повикал Де Лигт и барал состанок со него и неговиот агент Мино Раиола, со цел да пробаат да го договорат неговиот трансфер на Камп Ноу.

Но, Раиола повеќе би сакал Де Лигт да оди во Јувентус бидејќи ќе добие огромен бонус за тоа, додека Де Лигт не ја крие желбата да заигра во дресот на Барса. Сепак, се чини дека Каталонците доцна се одлучиле да се вклучат во борбата, бидејќи речиси трансферот на Де Лигт во Јуве е веќе сигурен.