„Не сум среќен во Јувентус, но…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Везниот фудбалер на торински Јувентус, Емре Чан не е среќен во редовите на Јуве.

Со доаѓањето на Сари на клупата на Старата Дама, Чан одигра само 78 минути и тоа никако не го задоволува.

„Не сум среќен моментално. Не играм многу за разлика од минатата сезона. Нмема добиено шанса, а сакам повеќе да играм“, истакна Чан.

Благодарен е на селекторот Јоаким Лев што воопшто го повикал.

„Секако дека сум му благодаарен за повикот. Не играм премногу, а тој ме повика/ Среќен сум поради тоа“, истакна Чан.

Тој пред Јувентус, играше за Ливерпул, Баер Леверкузен, а кариерата ја започна во Баерн.