Не завршија со пцовки и „среден прст“: Пресметката на Конте и Ањели продолжила во тунелот 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Интер, Антонио Конте имаше пресметка со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели по вчерашниот дуел мешу Интер и Јувентус во италијанскиот Куп.

Вербалната пресметка меѓу овие двајца не завршила на теренот само со пцовки, туку таа продолжила и во тунелот.

„Треба да бидат малку покултурни. Треба да покажат спортски дух и почит за тие кои работат. Четвртиот судија слушна што се случи. Од Јувентус треба да ја кажат вистината“, кажа Конте.

„Газета дело Спорт“ пишува дека пресметката меѓу Конте и Ањели продолжи во тунелот, каде што паднале уште многу тешки зборови меѓу нив.

Во инцидентот се вклучил и директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, кој имал караница со тим менаџерот на Интер на полувремето.