Нејмар го најави Меси во ПСЖ, а Леонардо не сакаше да го демантира тоа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми шпекулираат дека Лионел Меси наскоро ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во ПСЖ, каде што треба да се заигра повторно со неговиот поранешен соиграч Нејмар.

Француски новинар на „РМЦ Спорт“ тврди дека има сигурни информации за почнатите преговори меѓу Меси и ПСЖ. Тоа значи дека најавата на Нејмар дека следната сезона ќе игра со Аргентинецот на лето може да стане реалност.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, конечно зборуваше за таа тема.

„Нормално е Нејмар да го каже тоа на аргентински новинар. Тој мораше да зборува за Меси. Ние мора да се почитуваме. Тој е фудбалер на Барселона. Кога некој зборува за нашите ѕвезди, ние не сме задоволни. Сега не е време да се размислува за преодниот рок“, кажа Леонардо.