„Нејмар може да не напушти, под голем притисок е“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилската ѕвезда Нејмар сериозно размислува за напуштање на националниот тим.

Еден од најдобрите фрудбалери на светот се најде на удар на навивачите на Кариоките после лошите изданија во натпреварите на Олиписките игри против Јужна Африка и Ирак, каде што петкратниот светски шампион ги одигра натпреварите без голови.

На крајот, Бразил со победа над Данска успеа да помине, но селекторот на оваа репрезентација Роџерио Микале предупреди дека Нејмар може да го напушти националниот тим поради преголемиот притисок и непочитување.

„Најмар еден ден ќе стане најдобар играч на светот и ние тоа мораме да го почитуваме. Млад е и можеби нас некогаш не ни годи неговото однесување, но сите во негови години работиме речиси исти работи.

Ако не го почитуваме, ќе ја напушти репрезентацијата. Под голем притисок е“, рече Микале.

Бразил успеа на крајот преку Данска да влезе во вториот круг, но Нејмар сеуште не постигна гол на турнирот.