Нејт Дијаз има огромна храброст: Го удри Хабиб Нурмагомедов и стоеше пред 12 Руси! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов уште нема почуствувано горчина од пораз. Тој засега има 28-0 и планира со 30-0 да замине во пензија, па сигурно ќе биде запаметен како еден од најголемите во историјата.

Хабиб често беше мета на другите борци. Конор Мекгрегор најмногу го навредуваше, а често се јавуваше и Дилон Данис, а еден се осмели и да го удри.

Нејт Дијаз во 2015 година во Лас Вегас реши да го удри Хабиб, заштот ој го предизвика, а неколку години подоцна се присети на случувањата.

„Стоев зад него и ја гледав борбата на мојот пријател Џејк. Реши да се фотографира пред мене со јасна намера да ме исмејуваат. 12 Руси се смееја. Го удрив во лице зашто ме исмеваше и го прашав што сака? Не направи ништо. Беше бесен. Чекаше да излезе, сакав да го грабнам, но ми избега“, кажа Дијаз кој потоа го удри Хабиб.