Некогашниот напаѓач на Барселона спортски директор на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот напаѓач на холандската репрезентација Патрик Клајверт е именуван за спортски директор на повеќекратниот француски шампион ПСЖ.

Актуелниот француски шампион по пат на официјалната страна ја информираше јавноста дека за нов спортски директор го именуваше Клајверт.

Клајверт како што се наведува на официјалната страна ќе биде надлежен за развој на клубот на локално и на меѓународно нив, за развој на долгорочна стратегија, и ќе извршува репрезентативни функции во клубот.

Деталите од договорот не се познати, а холандскиот напаѓач ќе го следи развојот на првиот тим и тренерот Унаи Емери.