Неколку медиуми бомбастично го преселија Меси во Интер, па тој се огласи во јавноста


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси изминативе два дена бомбастично бешеповрзуван со трансфер во редовите на Интер.

Аргентинскиот „ТНТ“ дури напиша дека преговорите помеѓу капитенот на Барселона и Интер веќе започнале и дека во трансферот ќе биде вклучен и Лаутаро Мартинез.

Сепак ваквите најави брзо ги демантира главниот лик на целата оваа сапуница, Лионел Меси кој кратко изјави дека тоа се лажни вести.

„Ова се лажни вести. За среќа никој не им верува“ –изјави играчот на Барселона.