Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот центар Марк Гасол во наредниот период ќе го гледаме во Торонто репторс. Тој го освои шампионскиот прстен во НБА-лигата, па потоа стана слободен кошаркар.
Сепак, Гасол ја искористи клаузулата во својот договор, па ја продолжисоработката. Така во наредната сезона ќе заработи 26,6 милиони долари и со Торонто ќе се бори повторно за трофејот.
Торонто информацијата ја потврди на својата веб-страница, па покажа задоволство поради постигнатиот договор.
Гасол е член на Торонто од февруари, а неговото ангажирање им го донесе потребното искуство во клубот, кадешто кошаркарот одигра важна улога.
Пред да се пресели во Торонто, Гасол дури 11 сезони помина во Мемфис гризлис, со кои шест пати играше во плејофот.