Нема дилеми каде Роналдо ќе ја заврши кариерата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изгледа дека повеќе дилеми нема – Кристијано Роналдо ќе ја заврши кариерата во Мадрид.

Роналдо наводно се согласил да потпише нов договор со кралевите и да остане до крајот на кариерата.

3-кратниот освојувач на Златната топка минатата сезона постигна 58 погодоци во 48 натпревари за Реал, ја освои ЛШ, го освои ЕП.

Португалецот го поминува најдобриот период од животот и нема намера нешто да менува. АС тврди дека Роналдо е спремен да потпише со Реал до 2021-ва година.

Долгорочно во Реал наводно сака да остане и Герет Бејл на кој исто така му се спрема нов договор.