Нема дилеми: Ова е најдобриот играч во Лигата на шампионите…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем успеаа да дојдат до првото финале во Лигата на шампионите во историјата на клубот.

Го направија тоа Спарси по неверојатниот пресврт во Амстердам и покрај двата погодоци заостанување по првите 45 минути.

Следеше тогаш шоу за еден човек по име Лукаш Моура кој со три погодоци речиси сам ја одведе својата екипа на мегдан со Ливерпул.

Токму Бразилецот е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела, беше јасно дека никој не може да се носи со учинокот на офанзивниот играч за врска кој го одигра мечот на кариерата.