Нема милост за пејачката: Пике ѝ создаде сериозни проблеми на Шакира!

На повидок е нов скандал меѓу атрактивната пејачка Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, кои се разделија неодамна по 12-годишна љубовна врска.

Фирмата на Пике, „Космос“ во своите простории има статуа од „Греми“ која ја освои Шакира за време на нејзината кариера.

Пике сè уште не ѝ ја вратил наградата, а со оглед дека фирмата ја создаде пред врската со Шакира, тој е единствен газда и колумбиската пејачката би можела да има проблеми со враќање на признанието.

Фудбалерот одбива да ја врати наградата на Шакира затоа што сака да ја искористи во следните преговори, а пејачката смета дека тоа е уцена од страна на Пике.