Нема одмор за Барселона: Скаутите следат тројца фудбалери на Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер, Милан Шкрињар, Стефано Сенси и Лаутаро Мартинез привлекоа големо внимание на Барселона на „Камп Ноу“ во мечот од Лигата на шампиони, кој го доби Барселона со 2-1.

Според „Калчомеркато“, скаутите на Каталонците ги следат споменатите фудбалери и се задоволни од нивните настапи.

Шкрињар е веќе долго време на листата со желби на Барселона, но Интер бараше 80 милиони евра, додека Сенси е хит во дресот на Интер, кој за 22 милиони евра сака да го откупи целиот договор од Сасуоло, а Мартинез почна да ги оправдува големите очекувања.

Интер сезонава игра одлично под водство на тренерот Антонио Конте во италијанската Серија А, иако во елитното натпреварување немаат баш среќа, зашто и против Славија Прага не славеа.