„Нема потреба Мајкл Џордан да се споредува со никого“


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Поранешната sвезда во НБА лигата, Стефон Марбери смета дека Мајкл Џордан воопшто не треба да се споредува со другите кошаркари.

Марбери смета дека Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња и дека навистина нема потреба тој да се споредува со никого.

“Луѓето сакаат да го рангираат Џордан, но тој човек не треба да биде на ниту една листа. Ако одиме со рангирање, одиме прво со Коби, потоа со Леброн, а потоа можете да ги изберете другите”, рече Марбери, а потоа продолжи:

„Споредбите се непотребни. Не е исто, тоа е различен менталитет и не знам зошто името на Џордан се споменува во какви било дискусии за тоа. Нема потреба да зборуваме за тоа“, рече Марбери.

Поранешната ѕвезда во НБА лигата играше за Минесота, Нетс, Санс, Никс и кратко за Селтикс од 1996-2009 година.

Потоа дојде кариера во Кина каде стана најголемата sвезда досега, а во моментов е тренер на Пекинг Ројал Фајтерс.

Марбери ја заврши својата кариера во НБА лигата со просек од 19,3 поени и бешедв апати Ол Стар играч.