Нема повеќе дилема: Тренер без прволигашко искуство се сели во Челси!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси води преговори со наследникот на Маурицио Покетино, а тоа е Енцо Мареска од Лестер сити.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни се блиску до договор и се комплетираат одредени детали.

Челси и Лестер треба да преговараат за висината на отштетата, но се очекува „сините“ да платат околу 10 милиони евра за услугите на Мареска и неговиот стручен штаб.