Нема повеќе одмор: Баерн Минхен почна со тренинг! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен е уште еден тим кој се врати на тренинг во време кога речиси сите натпреварувања се прекинати поради пандемијаата на Ковид-19.

Ѕвездите на Баварците во тренинг-центарот стигнаа околу 10 часот, а влегувале еден по еден во одреден временски интервал.

Играчите на теренот излегуваа во мали групи, кои не беа поголеми од пет члена и меѓу себе држеа растојание од 1,5 метри.

Протоколот кој го воспостави Баерн подразбира и одвоени соблекувални со цел да се спречи евентуално ширење на вирусот. Прегратките и ракувањата меѓу фудбалерите се строго забранети.

Во текот на тренингот мора да се одржува далечината, топката секогаш да е во нозете на играчите и тие не смеат да имаат било каков контакт.