„Немав избор… Жена ми кажа – ако потпишеш за Звезда, ќе се разведам од тебе!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милош Нинковиќ има 34, а сега може да каже дека имаше одлична кариера. Ја освои Суперлигата со Црвена Звезда, а играше и на Светското првенство за Србија.

Во интервју за еден австралиски сајт зборуваше за многу работи. Сите знаат колку се важни парите во фудбалот, па ги интересираше зошто Нинковиќ замина во Звезда во 2013 година, а тој имаше интересен одговор.

„Сопругата ми кажа: Ако потпишеш за Црвена Звезда, ќе се раведам од тебе. Имав и други понуди, но…  Таа знаеше дека имам само од Звезда, зашто тоа беше мојот сон“, кажа Нинковиќ.

Сонот стана реалност кога десет месеци подоцна му помогнал на својот тим да ја запре доминацијата на Партизан.

„Кога бев дете мој сон беше да играм за Црвена Звезда, а не за Реал Мадрид или Барселона. Дојдов во Звезда и ја освоивме титулата по седум години. Беше неверојатно“, се сети Нинковиќ.