Неочекуван расплет: Пјонтек го напушта Милан во јануари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Криштоф Пјонтек беше платен 35 милиони евра во јануари годинава, при преселбата од Џенова на „Сан Сиро“, но на почетокот на следната година повторно би можел да го смени неговиот тим.

Полјакот добро играше во дресот на Милан во вториот дел од минатата сезона, но оваа е надвор од форма, па постигна само три гола на 11 меча, па се појавија шпекулации дека по една година ќе го напушти „Сан Сиро“.

Италијанските медиуми пишуваат дека 24-годишниот напаѓач би можел да се врати во Џенова, кадешто ќе биде соиграч со македонскиот капитен Горан пандев.

Џенова има слаб почеток на сезоната, па се борат за опстанок, а токму враќањето на Пјонтек би можело да им помогне да ги подобар резултатите и да излезат од кризата.