Неправдата поради Модриќ ги прогонува „кралевите“, неверојатно што одлучи сега Флорентино Перез


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанските медиуми веќе денови на ред зборуваат дека ќе се случат големи промени во играчкиот состав на Реал Мадрид затоа што Флорентино Перез е бесен по испаѓањето од Лигата на шампионите. Иако многу играчи ги отпиша, за еден сѐ уште нема донесено одлука, а сѐ поради Лука Модриќ.

Реал ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со пораз во четврт-финалето од Баерн и како што стојат работите, ова ќе биде веќе втора година по ред што Кралевите ќе ја завршат без освоен трофеј.

Единствената надеж им е уште Ла Лигата, но и таму е тешко да направат чудо бидејќи заостануваат дури девет бодови зад лидерот Барселона.

За клуб со реноме на Реал Мадрид, јасно е дека е катастрофа фактот што веќе две години ништо не освоиле, што предизвика големо незадоволство на претседателот Флорентино Перез.

Веќе денови на ред шпанските медиуми наведуваат дека Перез ќе направи “чистка” во соблекувалната на кралскиот клуб и дека сѐ ќе започне со промена на тренерот, а и ќе се обиде да продаде неколку првотимци од овој тим.

Исто така, ќе има и такви на кои ќе им се заблагодари за соработката и нема да продолжи договор со нив, но само еден човек е голема непознаница за Перез.

Се работи за капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, кој има договор до крајот на сезоната и во тековната не се наигра откако Трент Александер-Арнолд пристигна во клубот, а покрај тоа имаше и одредени проблеми со повреди.

.