Нереална агонија на Бразил против Европјаните!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кога Бразилците во нокаут фазата на светските првенства ќе се соочат со селекција од Европа, комплетно „забораваат“ да играат фудбал.

Тоа го покажува нереалната статистика која трае од 2002 година, значи цели 24 години, а ќе трае уште најмалку четири до следното Светско првенство.

Имено, елиминацијата на Бразил од Норвешка (1:2) е седма последователна на најтрофејната светска репрезентација од некоја европска екипа.

Откако Бразилците во 2002 година во финалето на СП во Јапонија и Јужна Кореја ја победија Германија со 2:0, трае низа која сега веќе се претвори во агонија.

🇧🇷 Бразил сега ги загуби СИТЕ СЕДУМ од своите нокаут натпревари на СП против европски екипи откако го освои Светското првенство во 2002 година!

❌ 2006 ЧФ 🇫🇷 Франција
❌ 2010 ЧФ 🇳🇱 Холандија
❌ 2014 ПФ 🇩🇪 Германија
❌ 2014 за 3 место 🇳🇱 Холандија
❌ 2018 ЧФ 🇧🇪 Белгија
❌ 2022 ЧФ 🇭🇷 Хрватска
❌ 2026 1/8 финале 🇳🇴 Норвешка— Football Meets Data (@fmeetsdata) 5 јули, 2026