Несреќа на Мане на тренингот на Ливерпул


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Овалетното засилување на Ливерпул Садио Мане се повреди на денешниот тренинг.

Сенегалскиот напаѓач, кој е платен 30 милиони фунти, го повреди рамото на тренингот, и итно е префрлен во болница.

Сеуште не се знае точната тежина на повредата на одличниот фудбалер, но речиси е извесно дека нема да биде во дуелот со Барнли за викендов.

Мане одлично тргна во новата сезона. Постигна гол во победата над Арсенал (4:3), и евентуалното изостанување ќе претставува голем хендикеп за Редсите.