Несторовски и официјално во Серија А откако потпиша тригодишен договор со Удинезе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на голема врата се враќа во најелитното италијанско натпреварување, Серија А откако денеск аи официјално потпиша со Удинезе.

Напаѓачот од Прилеп стави потпис на тригоишен договор со тимот кој се натпреварува на легендарниот „Фриули“ стадион.

Несторовски помина три многу успешни сезони на Сицилија во дресот на Палермо, но откако клубот беше исфрлен во четвртата лига популарниот НЕстор-гол стана слободен агент и без проблем го реализираше трансферот во Удине.